Аргентинецот Серхио Агуеро во средата официјално се збогуваше од професионалниот фудбал.
На вонредната прес-конференција која ја закажа Барселона, Агуеро ја соопшти својата одлука.
Пред големиот број навивачи тој не можеше да ги задржи солзите. Заминува големо име, вистинска легенда и можеби еден од најдобрите напаѓачи во новата ера на светскиот фудбал, сметаат навивачите
„Здравјето е на прво место. Медицинскиот тим ми кажа дека е најдобро да престанам да играм. Ја напуштам Барселона, ја завршувам професионалната кариера“, изјави Агуеро.
We love you, Kun. 😭😭😭 pic.twitter.com/88dtg9xKJd
— FC Barcelona (@FCBarcelona) December 15, 2021
Кон крајот на октомври Агуеро се соочи со срцеви проблеми и од тогаш беше извесно дека овој фудбалер нема да може уште долго да игра на врвно ниво.
“It’s a very difficult moment … it’s for my health.”
— @aguerosergiokun pic.twitter.com/DYBjqqSQf2
— FC Barcelona (@FCBarcelona) December 15, 2021