Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска ја продолжи кампањата за прв Албанец – премиер на Македонија, со видео објавено на неговите официјални профили на социјалните мрежи.
„Дојдено е времето пријатели, да се обединиме, затоа што кога сме обединети сè е можно, како што бевме обединети во ОНА за време на војната или при изборот на првиот Албанец претседател на Собранието, зачленувањето во НАТО и отпочнувањето на преговори за членство во Европската унија. #АлбанецПремиер, напиша Ахмети.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера преку социјалните мрежи одговори дека „доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада“.