Ахмети признава дека со Заев договориле повторно отворање на „Диво насеље“

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети во вторникот вечерта во разговор за албанската телевизија Ora News потврди дека со својот коалициски партнер во власта, премиерот Зоран Заев, договорил повторно отворање на судскиот процес за терористичкиот напад во кумановската населба Диви насеље, кога беа убиени осум припадници на медонската полиција.

„Ние сакаме овој случај да се расветли, бидејќи би било во корист на сите страни и сме побарале и сме го ставиле тоа во договорот за коалиција со СДСМ за овој случај да се повтори судењето и повторно да се отвори и да се преистражи се до обелоденување на вистината“, рече Ахмети.

Апелацискиот суд Скопје во септември минатата 2019 година ги одби жалбите на обвинетите и нивните бранители и во целост ја потврди првостепената пресуда за случајот со терористичките напади во Куманово.

Одлуката беше донесена по три месеца откако беше одржана јавна седница на која се разгледуваа жалбите на првостепената одлука која ја донесе судијката Верка Петковска. Со потврдувањето на одлуката од второстепениот суд пресудата е правосилна.

Петчлениот судски совет од второстепениот суд донесе одлука да ја потврди во целост одлуката на судијката Петковска од Основниот кривичен суд.

Основниот суд Скопје 1 на 2-ри ноември 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од Диво насеље, на 13 обвинети им изрече единствена затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази се ослободени од обвиненијата. Главно станува збор за државјани на Косово.

Меѓутоа, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, уште во 2016 година во текот на калкулациите да ја преземе власта, во сите преговори со албански политички фактори во земјата, но и со политичките челници од Косово и од Албанија, потврдуваше дека ќе настојува за повторно отворање на случајот, и преку контролираните медиуми пласираше дезинформации за наводна „политичка конструкција“ на крвопролевањата кај Куманово.

Вооружената група од дваесетина лица на 10-ти мај 2015 година извршија напад врз полициските единици, кои превентивно делуваше по свои сознанија, со цел да спречат остварување на првичниот план на терористите за напад врз поголеми јавни центри, плоштади, отворени пазари и полициски станици, коишто планирале да ги изведат на 15-ти мај, а што ќе резултираше со големи цивилни жртви.

Овој предмет, за кој Основниот суд Скопје 1 донесе пресуди со високи затворски казни се наоѓа во жалбена постапка и се чека Апелацискиот суд во Скопје да закаже јавна седница.

Според објавата на WikiLeaks од мај 2017 година, а станува збор за разузнавачки извештај ја американската администрација, лицата кои според начинот на кој го иницираа судирот со македонските безбедностни служби може да се карактеризираат како терористи, биле во комунијација со одредени структури на СДСМ.

Вооружената група од дваесетина лица на 10-ти мај 2015 година извршија напад врз полициските единици, кои превентивно делуваа по свои сознанија, со цел да спречат остварување на првичниот план на терористите за напад врз поголеми јавни центри, плоштади, отворени пазари и полициски станици, коишто планирале да ги изведат на 15-ти мај, а што ќе резултираше со големи цивилни жртви.

Во преписка помеѓу Стејт департментот и амбасадата на САД во Скопје, WikiLeaks објави меѓу другото дека:

„Тимот БРАВО потврдува дека најмалку 20 членови влегле од Косово, во моментот се концентрирани во ридовите околу Куманово. Иако себеси се сметаат за исламски радикали, оваа група употребува криминални и терористички методи“, се вели во преписката.

Во документот се наведува и дека групата терористи остварила веќе контакти со политичари во Скопје, и имало најмалку две средби во Приштина, како и дека постојат контакти со движењето кое заговара политички промени, мислејќи во прв ред на  СДСМ и протестите кои тие ги организираа во тој период.

„Групата важи за блиска до Харадинај од Косово, и остварила контакти со политичари од Скопје. Потврдени се најмалку две средби во Приштина. Тие ќе побараат промени од официјално Скопје. Членови на радикалите од Косово и ФИРОМ се во комуникација со поддржувачи на движењето за политички промени во ФИРОМ, стои во документот објавен на „Викиликс“.

Притоа треба да се потсети дека само ден по завршувањето на полициската операција во кумановски, челникот СДСМ сегашниот премиер Зоран Заев наместо да ги посети повредените полицајци, се сретна со лица за кои безбедносните служби имаат сознанија дека се во блиски врски со структури од некогашната ОВК (UCK) и кои им помагале на терористите со логистика и информации во реално време за движењето на полицијата во реонот.

Во документот на американската администрација стои и дека нивното дејствување било поврзано со антивладините протести кои ги организираше СДСМ пред Владата четири дена порано, кога полицијата се судри со партиските членови на тогшната опозиција.

„Нивното дејствување во Македонија зависи од моменталната политичка состојба. Важен детаљ е дека пред владата имаше анти владини протести кои беа сузбиени од полицијата. Целта на албанските радикали е користење на таквиот моментум“, стои во преписката на американската администрација.

Притоа треба да се потстседи дека на протестите кои ги одржа СДСМ на крајот од мај 2015-та се појавија знамиња на ткн „Голема Албанија“ и амблем на !113-та косовска ударна бригада “чи поранешни припадници учествуваа во настаните во Диво насеље

Процената на американските служби и била дека групата не се подготвува да дејствува во скоро време, но оти ќе пружи отпора доколку биде откриена од македонските безбедносни служби.

„ГРУПАТА ЗА БРЗО ВРЕМЕ НЕМА ДА ДЕЛУВА И ЌЕ СТЕКНУВА ЛОГИСТИКА, НО ЌЕ ПРУЖИ ОТПОР ДОКОЛКУ ИСТАТА БИДЕ ПРЕСРЕТНАТА, ПИШУВА ВО ПРЕПИСКАТА МЕЃУ АМЕРИКАНСКИТЕ СЛУЖБИ.