![Аки-Рахимовски-](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/Aki-Rahimovski-.jpeg?resize=685%2C478&ssl=1)
Легендарниот пејач Аки Рахимовски денеска во 15 часот ќе биде испратен на вечно почивање на загрепски Мирогој во Алејата на великаните, во кругот на семејството и пријателите.
За последното збогување семејството ја избрало песната која за починатиот пејач имала посебно значење.
Безвременскиот хит на Род Стјуарт „Sailing“ Аки често му ја пеел својот син Кики кога тој бил бебе, а членовите на клапата токму таа нумера ќе ја испеат на испраќањето на познатиот пејач кој почина во саботата од откажување на срцевиот мускул.
Во текот на испраќањето до неговото вечно почивалиште, ќе бидат испеани и две македонски песни кои Аки многу ги сакал, но засега не е откриено за кои песни станува збор.