Ако планирате да патувате надвор од Македонија по 12 февруари кога веќе не важат документите на кои нема „Северна“ имајте предвид да си ја проверите сообраќајната дозвола на Вашиот автомобил.
Министерот за надворешни работи денеска објасни дека Сообраќајната е документ кој што го покажувате на странската царина кога ја минувате границата. Ако имате сообраќајна извадена пред на пример 5 години тогаш на неа Ви стои Република Македонија и ќе мора да ја смените, односно има големи шанси странскиот царински службеник да не ве пушти да поминете.
„Документ кој што се користи и за надвор после 12 не треба да се користи. А сообраќајната е за надвор бидјеќи на граница треба да ја покажете, на царина, а таму има исто име. Така што, да ги потсетам граѓаните дека и сообраќајните дозволи треба да бидат сменети.“ – рече денеска Османи.