Двајца албански државјани се уапсени од страна на турската полиција во обид да прошверцуваат 57 килограми хероин.
Дрогата, чија цена на нарко пазарот дотигнува вредност од 4,3 милиони евра, била скрена во кутии со детски пелени кои шверцерите ги транспортирале со камион.
Заедно со албанските, уапсени се и двајца турски државјани, со кои соработувале при шверцот.
Шверцерите биле откриени кај селото Ипсала при царинска контролата со инфрацрвени зраци. Крајната дестинација на дрогата бил западноевропскиот нарко пазар.