Албанец баран од Интерпол уапсен на „Ќафасан“

На 17.10.2020 во  01.30 часот при влез во РепубликаМакедонија, на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода Ц.Л.(34) од Пешкопеја, Република Албанија, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓа на стоп – листа со мерка „апси“, по барање од Интерпол – Атина, Република Грција.

Тој бил приведен и во 05.30 часот бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.