Албанија во средата ја прогласи епидемијата од коронавирусот за „природна катастрофа“ и им даде на властите 30 дена вонредни овластувања за претреси на куќи, забрани за движње и против организирање масовни собири и штрајкови, за да се сузбие болеста која во оваа земја однесе пет животи.
Албанските власти ги забранија сите патувања во земјата, им наредија на граѓаните да останат во своите домови откако на почетокот од март беше дијагностицирана првата зараза со коронавирусот кај маж кој се вратил во татковината од Италија.
„Владата одлучи да прогласи состојба на приридна катастрофа во Република Албанија поради епидемијата предизвикана од Covid-19“, се наведува во соопштението за јавноста.
Строгите рестриктивни мерки веќе се објавени, а кои вклучуваат и полициски час кој трае 16 часа во денот, наредба дека луѓето не смеат да одат еден покрај друг, па дури ниту двојките.
Лицата коишто не ги почитувале одредбите да останат во 14-дневна изолација веќе се казнети со глоби од 700.000 леки, околу 6.000 евра.
Новите итни мерки вклучуваат и продолжување на карантинот за потенцијално заразените лица.
Посебни овластувања доби Комисијата за вонредни состојби, којашто беше формирана пред четири месеци кога Албанија во ноември се случи разорниот земјотрес кој усмрти 51 лица и остави уште 17.000 луѓе без покрив над главата.
Откако го дијагностицираше првото заразено лице пред 16 дена, Албанија спровела тестови над 1.041 лцие и потврдели 146 заразени. Во болница се местени 72 пациента, од кои три се на респиратот. Десет пациенти оздравеле.