Масимилиано Алегри е веќе минато, младиот италијански стручњак повеќе не е тренер на калчо гигантот Милан.
Најголемиот виновник за очајната сезона во италијанската Серија А, најпосе го доби заслужениот отказ, а најзаслужен за прекинот е новиот потпретседател на Милан, Барбара Берлусони, кој веднаш по срамниот пораз во дуелот со Сасуоли изјави дека под итно се потребни промени во клубот.
“АЦ Милан сака да ја информира фудбалската јавност дека Масимилиано Алегри и неговите соработници се ослободени од сите обврски кои ги имаа во клубот. АЦ Милан сака јавно да ми се заблагодари на Алегри и на неговите соработници за се што направија во изминатите неколку сезони и им посакува успех во блиската и далечната иднина. Првиот тим на АЦ Милан во следниот период ќе биде под водство на Мауро Тасоти”, стоеше во официјалното соопштение.
Италијанските медиуми се убедени дека Тасоти ќе биде тренер на Милан само на престојниот 1/8 финален натпревар од Купот на Италија, кој ќе се одигра за два дена, а веќе од петок за нов предводник на “росонерите” ќе биде именуван или Филипо Пипо Инзаги или Кларенс Сидорф.