Во текот на минатата недела, медицински совет, медицински совет на „Ало докторе“ побарале 1.125 граѓани.
За една година повеќе од 44. 000 јавувања
Како што информираат од Здравствен дом Скопје во последните 11 месеци, односно од 15 -ти септември минатата година, кога започна да работи телефонската линија „Ало докторе“ 02/15 123 до сега, медицински совет побарале вкупно 44.320 повици.
Со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето, линијата е достапна секој ден 24 часа.
На линијата за медицински совет „Ало докторе“ се достапни дваесет и двајца доктори, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.
На сите оние лица кои се јавиле на телефонската линија и кои побарале медицински совет на „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија. Јавувањата во последната седмица се со широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто за главоболки, стомачен вирус,покачен крвен притисок и симптомна болка, информираат од Здравствен дом Скопје.
Поради високите температури многу често се јавуваат граѓани за совети и препораки поврзани со топлото време, заштита од сонце и совети околу терапијата за хронични болести.
Почитувајте ги препораките
Сеуште на сила се препораките донесени минатата недела, откако земјата беше зафатена од значително високи температури и потопло време.
Во истиот период, се препорачува на работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот.Владата на Република Македонија, по предлог од Министерството за здравство, минатата недела донесе препорака за ослободување од работните обврски на бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години.
Препораките се донесени имајќи предвид дека подолг период државата е зафатена со повисоки температури, кои според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжат во претстојниот период до почетокот на следната недела.
За граѓаните од целата држава важат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, носење светла и лесна облека, избегнување престој на отворено, консумирање лесна храна, термички обработена храна и повеќе течности (а да се избегнува консумирање на лесно расиплива храна), редовно одржување хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.
Поради топлото време воведена е и ограничување на движењето во шумите и шумските појаси во период од 7 до 17 часот.
Повеќе за препораките на следниот линк.