Алсат-М: Финансиската полиција влезе во „фризерницата“ која доби грант од 270.000 евра

Во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Финансиската полиција отворила предистрага за Националната агенција за европски образовни програми, каде што директорува Лидија Димова, дознава Алсат-М. Детали не се откриваат поради тајноста на предистрагата.

И Европската комисија проверува дали има злоупотреби со европски пари во Агенцијата.

Скандалот изби откако се дозна дека фирмата „В.Е.З. Трејд“, во сопственост на Зоран Златковски, ем била фризерница, ем држела обуки за медиумска писменост и за тоа добиле грант од 270.000 евра.