Опозициската албанска партија „Алтернатива“ го обвини новиот директор на Макендоски железници Транспорт, Аднан Азизи, дека вработувал Македонци на сметка на Албаниц откако е поставен на функцијата.
„Деновиве, кога компанијата „Македонски железници – Транспорт“ отпушти Албанци, денес сме тука за да и објасниме на јавноста дека од 31 вработен ангажиран во договори за вработување, директорот на оваа компанија, албански говорник од Движење Беса, протера 21 Албанец и вработи 10 Македонци. Само овие информации се доволни за да се разбере кому му служи овој човек и на која агенда е посветен.
Ние, како политичка партија, добро знаеме за антиалбанскиот и одмаздоубив потенцијал на овој заробен директор и на таа партија веќе споени во СДСМ, но сакаме да ја прашаме владата како може да дозволи додека владее пандемија и економска криза во овој момент, во екот на зимата, да отпуштаат луѓе само затоа што се Албанци?
Во оваа прилика сакаме да објасниме дека додека Алтернатива беше на чело на таа компанија, бројот на Албанци таму од 1% (или 11 Албанци), како што откривме во 2018 година, се зголеми на 9% (или 82 Албанци) во 2020 година. Дури, процентот на Албанци на раководни позиции имаше 0% кога го зедовме тој директор, додека ние заминавме со 28% Албанци на раководни позиции“, гласи реакцијата на „Алтернатива“.
Азизи на местото директор на МЖ Транспорт дојде како кадар на БЕСА, а претходно беше Орхан Муртезани од „Алтернатива“.