Американскиот ловец Рик Дајер, објавил фотографија од суштество за кое тврди дека го уловил во близина на Сан Антонио во 2012 година. Тој вели дека го убил мистериозниот Бигфут.
Фотографијата на Бигфут, кој Рик го вика „Хенк“, ја објавил на друштвените мрежи, а тоа е неговиот прв „вистински доказ“, за постоењето на ова суштество. За да го докаже својот херојски подвиг кој на многумина не им успеа, тој планира со неговото тело да направи турнеја низ Америка
Уште во 2012 година тој дал интервју во кое тврди дека Бигфут е апсолутно реален и дека не постои сомневање во тоа. Ловецот Рик тврди дека ќе остане запишан во историјата како најдобар ловец на Бигфут.
Според неговите зборови, тој го убил Бигфут во близина на Сан Антонио во септември 2012 година, а единствениот доказ кој постоел пред фотографијата е краткото видео, за кое исто така тврди дека го покажува Бигфут како стои пред неговиот шатор.