Американски борбени авиони од типот „ F/A-18“ од носачот на авиони „Ronald Reagan“ вооружени ја надлетаа во четвртокот авганистанската престолнина Кабул поради осигурување на безбедноста, инфомираше на редовниот брифинг со новинарите во Пентагон генералот Вилијем Хенк Тејлор, кој одговорен за логистиката при спроведвуањето на операцијата за евакуација на американските државјани и авганистанските соработници од Авганистан.
„Во последните 24 часа ловците „F/A-18“ од ударната група на носачот на авиони ‘Ronald Regan“ вооружени изведоа летови над Кабул за извидување и осигурување на безбедноста. Остануваме будни и постојано спроведуваме длабински процени за да ја осигуриме безбедноста на Американците“, рече генералот Тејлор.
Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, појасни дека не станува збор за „ниски летови над градот, туку авионите само ги надлгедувале операциите за евакуација“.
Тејлор рече дека досега во меѓународниот аеродром во Кабул се отворени неколку влезови и дека досега се евакуирани околу 7.000 луѓе. Додаде дека досега нема извештаи за инциденти.
Генералот потврди дека во поментов на кабулскиот аеродром се наоѓаат над 5.200 војници кои ја спроведуваат и надгледуваат евакуацијата. Додаде дека за неколку дена таму би можеле да има и 6.000 војници, но кои ќе бидат распоредени само за да ја гарантираат безбедноста на аеродромот и да ја овозможат евакуацијата на американските државјани и поранешните авганистански соработници на америкaнските сили.
„Талиманите знаат дека ќе им возвратиме доколку ѝ се спротистават на американската војска или на граѓаните “, изјави американскиот претседател Џо Бајден на прашањето за евентуални талибански напади во текот на евакуацијата во интервјуто за телевизиската мрежа ABC News.