Американскиот пратеник за Северна Кореја во Москва пред можниот самит Путин – Ким

Американскиот специјален пратеник за Северна Кореја треба во среда да пристигне во Москва за разговори со руските функционери, пред можниот состанок на врвот следната седмица меѓу рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун.

Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја, Стивен Биеган, според најавите во среда и четврток и требало да разговара „со руските функционери за напорите за постигнување на потполната денуклеаризација на сверна Кореја која ќе може целосно да се проверува“, соопшти американскиот Стејт депармтент.

Посетата на Биеган се случува кога руските, јужнокорејските и јапонските медиуми пишуваат дека наскоро може да дојде до средба меѓу севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун и рускиот претседател Владимир Путин, и тоа на рускиот Далечен исток. Тоа и бил нивниот прв билатерален состанок на врвот.

Според весникот Известија од средата, кој се повикува на дипломатски ивори, состанокот ќе се одржи во Владивосток, пред посетата на Путин на Кина на 26-ти и 27-ми април на економски соамит. Но тоа би можело да се промени поради „импулсивноста“ на севернокогрејскиот лидер, рекол соговорник на весникот.

Јужнокорејската агенција Yonhap цитира неименувани дипломатски извори кои ја потврдиле средбата „која е во подготовка“. Агенцијата во средата објави дека севернокорејската воздухопловна компанија „Air Koryo“ предвидела специјален лет за Владивосток следниот вторник.

Јапонската новинска агенција Jiji Press цитира, исто така, неименуван дипломат според кој „99 отсто“ е веројатно дека Путин следната среда во Владивосток ќе се сретне со Ким Џонг-ун.

Потпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој претходно седмицава рече дека споменатата средба е „во подготовка“ но одби да го каже местото или датумот на кој ќе се случи, во средата рече дека претседателот Путин нема да се сретне со американскиот претставник за Северна Кореја, како и оти „нема нови информации“ за можниот состаник на Путин и Ким.