Американски регулатор побара од авиокомпаниите темелно да ги проверат резервните врати на постарите верзии на авионите „Boeing 737“ откако „Boeing 737 MAX 9“ беше принуден да слета и беше повлечен од услуга поради проблеми со резервните врати.
Американската Федерална управа за авијација (FAA) препорача во неделата доцна вечерта превозниците да ги проверат вратите за итна евакуација на авионите „737-900ER“, бидејќи производителот „Boeing“ го користел тој модел и на поновите верзии „737 MAX 9“.
Властите започнаа истрага откако на сред лет падна врата од авион „737 MAX 9“ на воздухопловната компанија „Alaska Airlines“, принудувајќи го екипажот да се врати на полетниот аеродром во Портланд. Никој од 177-те лица не беше повреден.
FAA ги приземји авиониите „737 MAX 9“, а одлуката беше усвоена од други регулатори во светот, вклучувајќи ја и европската EASA, повлекувајќи околу 170 авиони ширум светот.
Постариот модел „737-900ER“ не е дел од линијата на авиони „Boeing MAX“, но има вградена резервна врата за евакуација којашто се користи доколку превозникот сака да го зголеми бројот на седиштата.
Од производителот „Boeing“ наведува дека испорачал 505 авиони од моделот „737-900ER“ на компании ширум светот, а најмногу ги користат американските компании „Alaska Airlines“ и „United Airlines“.