Американскиот Сенат, соочен со приближувањето на истекот на рокот, го донесе во четвртокот законот за финансирање на низа домашни проекти и програми до 30-ти септември следната година и така спречи затворање на владините агенции откако актуелниот буџет ќе истече кон крајот на оваа седмица.
Сенатот со 71 глас „за“ и 23 „против“ изгласа закон, прв од двете големи мерки за фискалната потрошувачака во 2020 година кои планира да ги донесе. Законот сега оди на потпис кај претседателот Доналд Трамп.
Пред божикната пауза, Сенатот донесе мерка којашто ќе овозможи финансирање на програмите од делокругот на минситерствата за земјоделство, труд и енергетика. Со него, исто така, се обезбедуваат средства за програмите од странска помош на САД.
За вториот закон, оној за национална безбедност, кој го вклучува и воениот буџет во износ од 738 милијарди долари, Сенатот треба да расправа и да гласа подоцна.
Овие два закона предвидуваат 1,4 билиони доларзи за ткн „дискрециски програми“, кои се разликуваат од ткн „задолжителни програми“, како што се пензиите кои се финансираат по автоматизам. Минатата фискална година оваа сума избесуваше 1,36 билиони долари.
Поголемата владина потрошувачка, во комбинација со кастрењето на даноците штоод 2017 година ги намали приходите во буџетот, придонесе за рапиден раст на и онака големиот американски национален долг, кој сега изнесува 23,1 билиони долари, сума којашто според некои аналитичари може да ја запави економијата.