Пропаднаа преговорите меѓу француската влада и синдикатот, штрајкот продолжува

Француската влада во четвртокот не успеа да ја разреши кризата настаната поради предложените реформи во пензискиот ситем, па синдикатите најавија продолжување на штрајкот во време на божикните празници.

Во двете седмици на штрајкот ширум Франција прализиран е сообраќајот, повремено се затвораат училиштата, а на улиците излегле повеќе од половина милион луѓе кои протестираат против планот за пензиските реформи на владата на претседателот Емануел Макрон.

Лидерот на тврдолинијашкиот синдикат CGT, Филип Мартинез, изјави дека синдикатите решиле да го продолжат штрајкот и најави „нов протест и штрајк на 9-ти јануари“. „Премиерот не слушна што зборува улицата“, рече Мартинез за новинарите по средбата со премиерот Едуар Филип.

Премиерот Филип ппо состанокот со синдикатите во четвртокот рече дека владата е решителна во намерата да стави крај на посебните пензиски режими. Очекува, исто така, дека новиот пензиски закон ќе биде изгласан пред почетокот на летото.

Во соопштение за јавноста, коалицијата на синдикати предводена од CTG наведува дека нема да има примирје во периодот на Боќик, кога милиони Французи пативаат кон внатрешноста.

Синдикатот на вработените во железницата UNSA, повика на „штрајк во периодот на училишните распусти“ коишто во Франција почнуваат во петокот вечерта, рече нивниот генерален секретар Дидие Матис, пренесе AFP.

Речиси 60 отсто од возовите предвидени за 23-ти и 24-ти декември засега се откажани поради штрајкот на машиновозачите. Синдикатот на машиновозачите CGT, водечкиот во националните железници, одлучи да продолжи со парализирањето на железничкиот сообраќај во целата земја.

„Предвидени се две акции: Божик на штрајкувачите и големите собири на 28-ми декември“, објавија од CGT.

Водството на поумерениот синдикат CFDT, кој се воздржуваше од повик на протести на 9-ти јануари, соопшти дека не се согласува со владиниот предлог за добивање на полниот износ на пензијата да треба да се работи и по 62-та година од животот. Синдикатите се противат на предлогот на Макрон за изманеа на пензискиот систем според кој работењеро за добивање целосна пензија би траел до 64-та година, наместо до 62 години.