Американскиот Врховен суд го одобри во средата барањето на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за потполно спроведување на новото правило кое треба да го намали бројот на барањата за азила од имигрантите на американско-мексиканската граница, што е клучниот елемент од тврдата имиграциска политика на претседатeл.
Судот оценил дека новото правило, кое предвидува дека повеќето имигранти прво треба да побараат сигурно засолниште во трета земја на патот кон САД, може да стапи на сила во времето додека продолжува судскиот спор кој ја доведува во прашање неговата законитост.
Правилото им забранува на речиси сите имигранти да бараат да поднесат молба за азил на американската јужна граница. Право на азил би имале мексиканските граѓани, а би ги блокирал речиси сите имигранти од земјите како Ел Салвадор, Хондурас и Гватемала како азиланти да влезат во САД по минувањето низ Мексико.
Американската унија за граѓански слободи и другите здруженија кои ја оспорија политиката на администрацијата пред сојузниот суд, сметаат дека со оваа промена се крши американскиот закон за имиграцијата.
Една од главните цели на миграциската политика на Трамп е да се намали бројот на барањата за азил, во прв ред за имигрантите од Централна Америка, коиишто во голем број се обидуваат да ја минат американско-мексиканската граница во текот на неговото претседавање.