Американските ограничувања ги нарушија синџирите за снабдување за производство на вакцините

Американските ограничувања предизвикуваат нарушување на глобалните синџири за снабдување за производство на вакцините против Covid-19, создавајќи им проблеми на компанииите коишто сакаат да ги произведуваат во Европа, тврди еден од основачите на германската фармацевтска компанија „Curevac“.

Флоријан фон дер Мелбе се надева дека кандидатот на „Curevac“ за вакцина ќе добие итно одобрение од Европската агенција за лекови (ЕМА) во овој квартал, потврдувајќи ја во разговорот за германскиот весник Ostthueringer Zeitung прогнозата дека оваа година би требало да произвeдaт 300 милиони дози.

Додава, меѓутоа, дека производителите на вакцинтие кои сакаат да изградат производство во Европа во неповолна позиција, бидејќи добавувачите во САД спoред Законот за одбрaнбено производство мора прво да ги задоволат потребите на домашниот пазар.

„Глобалните синџири за снабдување се нарушени. Без разлика дали станува збор за хемикалиите, опремата, филтерите или цевчиња, американските производители се должни во прв ред да ја задоволат американската побарувачка, а тоа значи дека ние паѓаме на листата на приоритетите“, вели фон дер Мелбе.

Компанијата „Curevac“ во својот погон во Тубинген веќе го произведува својот кандидат за вакцина против коронавирусот, кој се темели на ткн „гласничка РНА“(mRNA).

Германската компанија пред кусо време склучи партнерство со пвајцарскиот производител „Celonic Groupom“, коешто се надоврзува на партнерствата со „Novartis“, „Bayer“, „Farev“, „Wacker“ и „Rentschler Biophar“, според податоците на Reuters.