Американските пилоти наскоро ќе можат да управуваат со повеќе авиони одеднаш

Американските пилоти набрзо ќе може да управуваат со повеќе авиони одеднаш, откако неодамна биле изведени тестирања во базата на морнаричкото воздухопловство близу Вашингтон, објави во вторникот компанијата „Boeing“.

„Компанијата Boeing и морнарицата успешно далечински управуваа со два авиона ‘Growlers EA-18G’ како да се дронови, користејќи го третиот ‘Growlers EA-18G’ како контролна соба за првите два“, соопшти производителот на авиони.

Првите два авиона биле прилагодени за да се однесуваат како беспилотни летала, а третиот ги контролирал во летот, изјави портпаролот на „Boeing“, Џастин Гибсон.

Додал дека демонстрацијата била изведена кон крајот на минатата 2019 година во морнаричката база „Патаксент Ривер“ во сојузната држава Мериленд, во рамките на годишните вежби за единиците за истражување и развој на американската воена морнарица.

Основниот модел „Super Hornet“ е ловец на американската морнарица кој може да биде вооружен со ракети „воздух-воздух“ и „воздух-земја“, а „Growlers EA-18G“ е верзија на овој авион специјализирана за електронско војување.

Управувајќи со неколку беспилотни летала од кокпитот на вионот, американските пилоти ќе можат да ги прошират капацитетите за откривање и да го одржуваат својта авион надвор од опасноста, појаснуваат од „Boeing“.

„Тоа ќе му овозможи на еден екипаж да контролира неколку авиони без многу дополнителни задачи“, заклучуваат од производителот.