Холандските градови Амстердам и Ротердам го укинуваат задолжителното носење маски за лице како мерка против ширењето на коронавирусот на местата на кои се собираат многу лица, објавија во петокот градските власти.
Од понеделник маските повеќе нема да бидат задолжителни во трговските улици, на пазарите или во квартовите каде што работат проститутките.
Мерката беше воведена на почетокот од август во моментот кога бројот на заразените постојано растеше а минамалната оддалеченост меѓу луѓето од 1,5 метар не можеше да се одржи поради големите метежи кои ги создаваа посетители и туристите на споменатите локации.
Властите во двата града очекуваат подобрuвање на ваквата ситуација со заладувањето на времето и завршувањето на сезоната на годишните одмори.
Задолжителното носење маски на отворените простори беше експеримент, а носењето заштитни маски во Холандија е задолжително само во градскиот и меѓуградскиот сообраќај и на траектите