Во странските медиуми со месеци се шпекулира дека Анџелина Џоли е лицето што анонимно ја повело постапката против разузнавачката агенција ФБИ, поради случајот со расправија и насилство во приватен авион пред неколку години. Сега е утврдено дека под прекарот Џејн До, навистина била таа.
Имено, Џоли поднела тужба под лажно име, тврдејќи дека истражната канцеларија на обвинителството одбила пристап до записите поврзани со истражните наводи дека „тогашниот сопруг на жената… физички и вербално ги нападнал неа и нивните деца додека патувале со приватен авион пред неколку години“. Дополнително ја интересира како случајот е завршен без никакви последици за Пит.
Да потсетиме, Џоли во 2016 година го пријавила поранешниот сопруг за насилство врз нејзиниот син Медокс, а сето тоа се случило за време на лет со приватен авион. Сега стана познато дека во обвинението било наведено оти во текот на целата расправија Бред Пит во тој момент ја полил својата сопруга со пиво и ѝ го повредил лакотот. Исто така, тој, наводно, ја однел Џоли до задниот дел од авионот, ја фатил за раменици и ја тресел додека викал: „Го уништуваш ова семејство“.
По истрагата, ФБИ го ослободи Пит од секакви незаконски постапки во инцидентот, кој бил под надлежност на федералната влада.