Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска престојува на Косово и по тој повод престојува во посета на Cеверна Митровица, Звечан и Лепосавиќ.
Заедно со премиерката, во посета на Косово престојуваат и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, како и директорот на Канцеларијата за ИТ и еВлада, Михаило Јовановиќ.
-Чест ми е што сум овде и сакам да ја испратам пораката за мир на претседателот Вучиќ дека секогаш ќе бидеме со нашиот народ на Косово – изјави Брнабичќ обраќајќи им се на насобраните во зградата на Мултимедијалниот центар во Cеверна Митровица.
Брнабиќ изјави дека е „задоволна што по провокациите на 31 јули успеале да го зачуваат мирот“.
Таа, сепак, додаде дека морала да го наведе „фактот дека се зголемува бројот на инциденти на Косово“.
-Горда сум што сум дел од тимот на претседателот Вучиќ. Дијалогот е важен, се надевам дека институциите во Приштина ќе бидат отворени за дијалог. Сакаме долгорочен мир и стабилност, јас сум оптимист и на она на што ќе инсистираме е Заедницата на српски општини (ЗСО) – изјави Брнабиќ и додаде дека тоа што „денес е на северот на Косово не значи дека нема да ги посетува Србите и на други места, а тука се и претставниците на Србите од „српска листа“.