Новиот Android 12 ќе може самостојно да ги замрзнува апликациите коишто не се користеле подолг период, а за новата карактеристика на операвивниот систем пишува ресурсот XDA.
Функцијата ќе претставува продолжение на можноста на сегашниот Android 11, кој ги анулира дозволувањата за апликациите коишто корисникот не ги активирал повеќе од два месеца. Новата верзија на оперативен систем по истекот на периодот автоматски ја става апликацијата во режим на мирување и ги отстранува сите привремени датотеки поврзани со неа.
Ресурсот наведува и дека судејќи според тестирањата на надградбата, Google сепак ќе им даде на корисниците право на избор, односно корисникот ќе може да ја исклучи опцијата за автоматско бришење податоци.
Новата верзија на „зелениот робот“ ќе биде презентирана на мајската конференција на девелоперите на Google. Оперативниот систем ќе биде лансиран есента 2021 година.