Невозможно е премиерот Зоран Заев и неговата министерка Радмила Шекеринска да не биле информирани, па дури можеби и вмешани во скандалот „Рекет“ во кој за повеќе милионска изнуда од бизнисменот Јордан Камчев е осомничена специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, како и блискиот до владејачките структури Бојан Јовановски „Боки !3“, директор на комерцијалната телевизија 1ТВ, смета и политичка аналитичар Алескандар Пандов.
Како што пишува поранешниот пратеник во своето „писмо“ до Јанева објавено на неговиот профил на Facebook, атмосферата во земјата под влијание на државниот и воено партиски врв на СДСМ се креира во полза на тезата дека обвинителката Јанева и шоуменот Боки 13 самоволно се дрзнале и осмелиле да вршат рекетирања на осомничени бизнисмени за суми кои вкупно надминуваат 20 милиони евра.
Оттаму, Јанева мора да ги отфрли ваквите валкања и да проговри за, како што вели Пандов, вистинските наредбодавачи инволиврани во овој скандал, односно премиерот Заев и раководството на СДСМ.
„Катица прости ми што не стигнав вчера да ти пишам, но имав некои приватни обврски (шишав, средував по двор, Миленко денес ќе снима тука, па да не ми е дворот ко оној кај парламентот), а да ти кажам искрено и кога седнав пред компјутер, не можев да ги тргнам нишанските справи од Фрики. Замисли излегува пред камери и мртва ладна им кажува дека те познава од телевизија шо те гледала по дома со Јовче!
Него батали ја неа, прво да те прашам, што правиш како си? Храната добра ли е? Терапија редовно ли си земаш? Имам одлична библиотека, ако сакаш да ти испратам неколку книги. Јас како сум? Сега сум подобар, но морам да ти признам неколку дена многу се секирав. Што? Се пушти муабет дека не си во Шутка и дека те однеле на некоја тајна локација да те измачуваат со глад. Да, да знам сега дека си на сигурно, со Еско се слушнав, ми кажа човекот. Ептен те исфали, па и по телевизии го имаше. Не знам што му беше идеата, дали сакаше јавно да те зеза тебе или сам себе, ама вика ти не си била за со цимерки кои лежат таму за изнуда, ха ха!
Туку дај да збориме за по озбилни теми. Прво да те пофалам што ме послуша и го изногира адвокатот. Види кога подобро ќе размислам за правник ко тебе, со таков габарит можеби и воопшто не ти треба некој друг. Сама можеш да се браниш. Размисли па пиши ми.
Ова другово е поважно што сакам да ти го кажам, браво за писмото. Шо да речам, им го зачука меѓу рогови, еве два дена се чудат не знаат како да ти одговорат. Едните велат си била во право, другите не си смеела така, не било по закон. Пиши им сега на нив и прашај ги дали по закон и устав беше СЈО? Така де, они тебе! Кога сме веќе кај СЈО и ОЈО, не знам дали знаеш се фатиле Љубомир Јовевски и Катерина Цаневска-Арсовска. Ќе ти пратам после слики да ги видиш што се убави.
Иначе треба да знаеш дека тука надвор атмосферата за тебе не е баш поволна. Како и што те предупредив, Заев и Шеќеринска ги имаат пуштено под полна пареа нивните медиумски џукели кои прават се, тебе и Боки Тредичи да ве претстават како главата и опашот на рекетот во Македонија! Има тук и таму покрај мене уште по некој глас на разумот кои тврдат дека е невозможно вие двајца да сте, а без Заев и Шеќеринска, но сеуште луѓето се плашат јавно да зборат. Па муабетот ми е, без ти од Шутка да прозбориш Катице, за тоа каде оделе парите од рекетот, ние надвор не сме доволни да ја свртиме работава во твоја корист. Добро почна, сега треба да продолжиш со писмата. Самата треба да ја истресеш од себе сета кал и да им ја истуриш на глава на твоите наредбодавци, Заев и СДС. Без никакви докази патриотите и уставобранителите Рускоска ги напика по затвори луѓено три века. Епа види сега што можеш ти да им направиш со писмо во кое сведочиш за сите злоупотреби што ти ги имаат направено, ти ги прават, а планираат тек да ти напраат.
П.С. Ако писмото не сака дежурниот судија да го проследи, прати ми го мене, јас ќе го објавам. Те мислам“, се наведува во писмото на ПАндов.