Ангела Нацева со ФК Аугсбург против Баерн Минхен, Борусија, Штудгард, Херта …

Пред  6 години семејството на Кирил Нацев, познат кикбокс тренер од Штип се исели во  Германија. А таму, ќерка му Ангела ја покажува љубовта кон фудбалот и набразо е забележана од  ФК Аусбург,  екипа  која настапува во Лига системот во Германија до 13 години.

„Сега Екипата на Анѓела е на чело на табелата со максимален број бодови – 18. Анѓела  на последните две средби постигнала два гола. Таа е миленичка во клубот“, вели татко и Кирил.

На 4 февруари ќе учествува на Топ турнирот на кој ќе настапат Баерн Минхен, Аугсбург, Штудггарт, Херта Берлин, Ајнтрахт Франкфурт, Хофенхајм, Борусија Менхенгладбах, Грасхоперс од Цирих.

Надежите се дека Ангела ќе даде гол на некоја од големите екипи.

Ангела игра во првата екипа до 13 години. Во оваа конкуренција, како што споменавме, екипата на Ангела е  без пораз во есенската полуетапа. Одигра 6 средби и собра 18 бодови.

„Еден ден сонува да биде и репрезентативка на Македонија“, вели татко и Кирил.