Страшо Ангеловски, претседател на МААК во своето гостување во „Вести Плус“ посочи дека младите си заминуваат од Република Македонија поради сите неправди кои се случуваат.
-Јас упорно повторувам нашите деца не бегаат од Република Македонија затоа што немаат можност да преживеат или затоа што во оваа држава не можат да печалат и да работат, бегаат од неправдите кои им се случуваат, а неправдите се случуваат преку корупцијата, рече тој.
Ангеловски укажа дека во државата се случуваат два опасни процеси, а тоа се грубизација и заевизација.
-Во оваа држава во моментот се одвиваат два опасни процеси, тоа е процесот на грубизација и процесот на заевизација. Што значи процесот на грубизација? Значи испумпување на сите можни средства од буџетот на Република Македонија преку фирмите блиски на ДУИ и на Груби за да тие стануваат моќни, стануваат монопол, за да утре, задутре преку тие средства успеат да ја добијат и целокупната власт во оваа држава. А процесот на заевизација значи климање со глава на сето тоа што процесот на грубизација го врши во оваа држава. Во прво време го имавме Заев кој се смеење како недоветен додека ДУИ си ги работеше тие работи и денес на негово место е дојден Ковачевски. Но процесот на заевизација останува и понатаму, вели тој.
На крај тој го заклучи следново:
Денес гледам отварањето на некој камен темелник на автопатот кој треба да се гради. Тој никогаш нема да биде изграден, како Груби и компанија, оние кои ќе работат и кои ќе ги испумпаат парите од буџетот на оваа држава се однесуваат кон Ковачевски кој таму се наоѓа како дојден од некаде.