Со победата во неделата од 1:0 над селекцијата на Хрватска во мечот од првото коло на Групата Д на Европското фудбалско првенство, Англија првпат во историјата со триумф отвори едно континентално натпреварување.
По деветте неуспеси, „Гордиот Албион“ со победата против „Коцкестите“ ја впиша првата победа во воведните средби на европските првенства. До овој меч Англија на Европските првенства настапи девет пати, пет пати ремизираше а четири пати загубија. Особено е болен поразот од Франција во 2004 година во Португалија до судиското продолжение водеа со 1:0 а потоа примија два погодока кои ги постигна Зинедин Зидан. На претходно ЕУРО во 2016-та исто така до судиското продолжение водеа против Русија, но на крајот на 1:1 израмни Березутцки.
Денеска на лондонски „Вембли“ пред 22.500 гледачи, Англичаните славеа со решавачкиот погодок кој во 57 минута го постигна Рахим Стерлинг.
Англија жестоко ја притисна Хрватска на самиот почеток и веќе во 6 минута Фил Фоен ја погоди стативата. Домашните имаа и голема шанса во 9 минута, но хрватскиот голман одлично го одбрани ударот на Филипс.
Но веќе во следните минути Хрватите ја „нагазија“ топката а Англичаните го контролораа текот на играта, па до крајот на првиот дел веќе немаше изразени можности за постигнување погодок, а гостите не упатија ниеден удар кон противничкиот гол.
Англија поведе во вистински време, во 57 минута, кога Кајл Вокер одлични го одигра Калвин Филипс кој нафрли во гостинскиот шеснаесетник до напаѓачот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг од десетина метри поентираше.
До крајот на натпреварот, Хрватска јалово се обидуваше да израмни, но нејзините играчи не успеаја ниту еднаш посериозно да го загрозат англискиот гол.