
Вкупно 44,5 отсто од граѓаните во Македонија би примиле вакцина против ковид-19, покажа телефонската анкета што ја спровел Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА.
Анкетата е спроведена во период од 21 до 25 декември 2020 година.
На прашањето: Дали би примиле вакцина против ковид-19?, 44,5 осто одговориле позитивни, 39,9 проценти не сакаат да примат вакцина, 14,7 отсто одговориле „ќе почекам“, а немале одговор 0,9 проценти.
Анкетата е спроведена врз 1.523 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност. При анализата опфатени се сите изборни единици. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%.
Нарачател и спроведувач на анкетата е тимот на Институтот СИА ВИСТА, резултатите кои ќе се објават во два дела се користат за потребите на анализите на институтот.