Четвртина од возрасните жители во САД не сакаат да е вакцинираат против коронавирусот, покажуваат податоците од истраживањето коешто го спровеле аенцијата SSRS по нарачка на телевизијата CNN, објавени ноќта кон петокот.
Во текот на ова истражување на јавното мнение, 26 отсто од учесниците во него изјавиле дека сѐ уште не се вакцинирани против Covid-19 и оти немаат намера да го сторат тоа. Наспроти нив 16 отсто од испитаниците одговориле дека уште не се вакцинирани но дека имаат намера да ја примат вакцината во иднина. Притоа 55 од испитаниците потврдиле дека веќе примиле барем една доза од вакцината.
Во коментарот на својата студија, соцолозите од агенцијата наведуваат дека политичките преференци влијаат врз односот на испитаниците кон прашањето на вакцинацијата. Така, поддржувачите на Републиканската партија во оваа анкета биле поскептични на ова прашање, 44 отсто изјавиле дека нема да примата вакцина против коронавирусот. Меѓу гласачите на Демократската партија, пак, само 8 отсто го имале истиот став. Од вкупниот број испитаници кои не сакаат да се вакцинираат, 28 проценти не се партиски определени.
Со истражувањето биле опфатени 1.004 полнолетни Американци, кои телефонски одговарале во периодот од 21-ви до 26-ти април.
Според последните податоци на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, кој ги сумира податоците врз основа на службените информации од сојузните и локалните валсти, во САД од почетокот на епидемијата регистрирани се повеќе од 32,2 милиони зарази со коронавирусот, а над 574.400 лица починале од Covid-19. Со овие податоци САД е на првото место во светот според двата показатела.