Јанкуловски: Последниве три години УКИМ пати одвнатре

Актуелниот ректор на УКИМ Никола Јанкуловски во Отвореното студио на ТВ 24 кажа дека на 26 ќе се одржат изборите за нов ректор. Тој потенцираше дека постојано бил напаѓан ои обвинуван од тројцата проректори кои на недоличен начин со разни интервјуа, искази и соопштенија се обидуваат да го дискретитираат како ректор.

„Со нивното недолично однесување, тоа штети на угледот на УКИМ. Последниве три години УКИМ пати одвнатре. Обвинувањата против мене и претставки до сите институции сите завршија спротивно од она што некој го очекуваше. Се покажа дека мојот начин на работа  е транспарентен и законски“, вели Јанкуловски.