Кошаркарите на Индијана пејсерс израмни во плејоф серијата против Атланта нан ашиот Перо Антиќ на 2:2 во победи, откако славеа н гости со 91:88.
Атланта доби шанса за израмнување во последните седум секунди од мечот, откако Пол Џорџ претходно не реализираше две слободни фрлања. Антиќ ја доби топката и шутираше за тројка, но не успеа да погоди, па на крајот Индијана и се радуваше на победата.
Пол Џорџ со 24 поени и Дејвид Вест со 18 поени ги предводеа гостите до големиот триумф. Антиќ на овој меч за 25 минути постигна два поени и два офанзивни скока. Пол Милсап со 29 кошеви беше најефикасен во редовите на Атланта хоукс.