1.8 C
Skopje
понеделник, декември 2, 2024

Антовски обвини за нова партизација на Регулаторната комисија

Неодамна на страната на Собранието беа објавени материјали за Предлог за именување член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Од приложените документи се гледа дека на 27.12.2021 година владата на Заев и Ахмети испратила документ со којшто се предлага тоа да биде Мерита Дема, кадар на ДУИ. Дури во дописот во точка 2 е цитирано дека согласно Законот за енергетика за член на РКЕ се избира државјанин на Република Македонија кој во последните 15 години пред именувањето има најмалку десет години работни искуство во енергетиката, односно во обезбедувањето на водни услуги, изјави на денешната прес конференција, Стевче Антовски, член на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ги приложува оргиналните документи од страната на Собранието, каде јасно се гледа следното:

Мерита Дема е родена на 29.6.1990 година, дипломирала на 8.11.20212, а прво вработување и било на 14.3.2013 година. За потсетување денес сме 12.1.2022 година со што наведениот услов во Законот за енергетика целосно е прекршен. Мерита Дема во последните 15 години не можела да има 10 години искуство во енергетиката, поради својата возраст, дипломирање и прво вработување кое било во март 2013 година.

Дали со ова грубо кршење на Законот за енергетика, Заев му се заблагодарува на својот коалиционен партнер ДУИ што му ја спаси власта?
– Како може некој кој го нема потребното работни искуство да се избере за член на такво независно тело, во кое се регулуираат цените на струјата, гасот, нафтата, парното греење и водата?
– Дали Заев намерно одбира вакви кадри кои потоа за возврат ќе потпишуваат секакви зголемувања на цените на електричната енергија, за да може да се реализираат тендерите на кланот Заеви во РЕК Битола, прашува Антовски.

Тој додава дека ова е класично прекршување на законите од владата на СДСМ ДУИ.

– Ова е класичен пример за партизација на институциите како Регулторната комисија која треба да биде независно тело. Ова е типичен пример за причина зошто е потребен рестарт со менување на власта. Без тоа ќе функционираме како најкорумпирана држава во која нема владеење на правото и законите, туку само бизнис интереси на СДСМ и ДУИ. Затоа се потребни се нови избори за да ставиме крај на ова зло кое и се случува на Македонија, дециден е Антовски.