Јанушев до СДСМ: Немојте да мислите дека ги заборавивме патриотите кои лежат по затворите, ниту криминалците кои ги пуштивте на слобода

„Ве предупредувам – не правете дополнителни штети со хаосот кој го донесовте. Затоа што на почетокот кажав – народот одбива да шета со цревата во раце, да гледа како нестручно го оперирате, сечете и шиете, како му гнојат раните и да се прашува колку ли ќе боли кога ќе дојде на себе. Народот не сака веќе седативи. Немојте да мислите дека има нешто што ви е заборавено, и дека некој од нас ќе погази на зборот кој сега го даваме. Немојте да мислите и дека заборавивме на патриотите кои лежат по затворите или пак на криминалците кои ги пуштивте на слобода. Не забораваме и за штета која ја направивте за името и достоинството со кое тргувавте“, потенцира во отвореното писмо до граѓаните на Македонија и до медиумите генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев