3.8 C
Skopje
петок, декември 13, 2024

Јанушев: Едногласна поддршка за Мицкоски да биде новиот кандидат за мандатар на изборите

По состанокот на Централниот и на Извршниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ, партискиот генерален секретар, Игор Јанушев ги соопшти на прес-конференција заклучоците.

Според Јанушев, највисоките партиски  тела го потврдиле учеството на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски на состанокот за формирање техничка влада со лидерите на СДСМ, премиерот Зоран Заев и на ДУИ, Али Ахмети.

Јанушев рече и дека членовите на Централниот и на Извршниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ му дале едногласна поддршка на Мицкоски да биде новиот кандидат за мандатар по изборите во април.

„Централниот и Извршниот комитет на партијата едногласно го усвоија годишниот извештај за работа на Претседателот Мицкоски  и исто така на негов предлог, од Кабинетот на претседателот Мицкоски беше разрешен соработникот Томислав Димитровски кој што е познат на јавноста по еден немил настан кој што се случи во изминатиот период”, рече Јанушев.