Американскиот технолошки гигант Apple го претстави новиот компјутер MacBook Pro со 16-инчен (40 сантиметри) екран Retina и обновентата ткн „ножички“ тастатура Magic Keyboard, и овој нотбук, како што се наведува во соопштението на компанијата од средата, работи до 80 отсто побрзо.
„Новиот MacBook Pro е засилен со импресивен 16-инчен дисплеј Retina, понов 8-јадрен процесот, меморија до 64 гигабајти, графички процесор од новата генерација со видео-меморија до 8 гигабајти и со нов систем за ладење на предната страна. Ова е најмоќниот MacBook Pro во историјата“, истакнуваат од Apple.
Додаваат дека овој лаптоп може да работи подолго без полнење (100 Wh) и е опремен со систем од шест звучници, панел Touch Bar, сензор за допир Touch ID, трекпад Force Touch и сигурносен чип Apple T2 Security Chip. Се истакнува, исто така, дека благодарејќи на процесорот од деветтата генерација со 6 или 8 јадра и забрзувањето Turbo Boost до 5.0GHz, перформансите на компјутерот се зголемуваат за 2,1 пати во одност на 15-инчниот MacBook Pro со 4-јадрен процесор.
На MacBook Pro е инсталиран новиот AMD Radeon Pro од серијата 5000М, првиот мобилен дискретен графички процесор на професионално ниво, создаден со технологија од 7nm. Покрај тоа, на новиот компјутер првпат ќе може да се користи до 8 гигабајти меморијата GDDR6. Капацитетот на SSD уредот е зголемен до 512 гигабајти и 1 терабајт во стандардните конфигурации. Покрај тоа, првпат на MacBook Pro можно е да се инсталира SSD со капацитет до 8 терабајти.
Најновиот модел на MacBook Pro е веќе достапен за порачки на сајтот на компанијата и на апликацијата Apple Store по цени од 3.100 американски долари. Подоцна седмицава ќе биде понуден и во некои продавници Apple Store и во авторизираните малопродавачи на Apple во САД. Mac Pro и мониторот Pro Display XDR ќе може да се нарачуваат во декември.