Американскиот технолошки гигант Apple во средата повторно се врати на чело на листата компании со најголема пазарна вредност, на коешто последните месеци се изменуваа другите два технолошки гиганти Amazon.com и Microsoft.
Цената на акцијата на Apple порасна во средата за благи 0,03 отсто, па пазарната вредноста на производителот на водечкиот паметен мобилен телефон iPhone достигна 821,5 милијарди долари.
Од друга страна, пак, цената на акцијата на Microsoft падна за повеќе од 1 отсто, што ја скуси вредноста на овој софтверски производител на 814,4 милијарди долари, додека пазарната капитализација на Amazon се лизна на 805,8 милијарди долари, откако неговата акција поевтини 1,1 отсто.
Откако во октомври минатата година достигна рекордни 1.100 милијарди долари, пазарната вредност на Apple следните месеци остро падна, бидејќи компанијата ги предупреди вложувачите на забавувањето на продажбата на iPhone. Така, на крајот од минатата 2018 година, вредноста на Apple падна на само 675 милијарди долари, а на чело на листата на највредните американски компании се пробија Amazon и Microsoft, кои следните седмици се изменуваа на врвот.
Но пред една седмица, кога Apple објави деловни резултати за четвртото ланско тримесечје, кои не се толку лоши колку што стравуваа инвеститорите, цената на акцијата на компанијата скокна за околу 13 отсто. Од друга страна, по објавата на кварталните деловни извештаи, паднаа цените на акците на Microsoft и Amazon. Сепак, прашање е колку долго Apple ќе се одржи на чело на листата највредни компании, имајќи предвид дека аналитичарите ги намалуваат процените за растот на цената на акцијата на компанијата.
Во истражувањето на Reuters, аналитичарите целената цена на акцијата на Apple ја намалија од 240 долари, колку што очекуваа пред три месеца, на само 175 долари, само еден долар над нејзиното сегашно ниво. Според мослењето на Ден Морган, портфел менаџер во фондот на Synovus Trust, која во својот портфел ги има сите три акции, на Apple, Amazon и Microsoft, најголемите шанси дека во следниот период да го заземе челното место на листата на највредните американски компании, сепак, ги има Amazon.
„Перцепцијата е дека Amazon влезе во позрела фаза на растот, но доколку токму морам да избирам, сметам дека Amazon има предност поради неговата водечка позиција на пазарот на ‘клаудите’“, вели Морган.