Арапската коалиција групира сили во близина на јеменски Худајдах

Сунитската арапска коалиција предводена од Саудиска Арабија групираше илјадници војници во близина на јеменскиот град и главно пристаниште Худејдах, а локалните медиуми јавуваат за 10.000 само саудиски војници, кои подготвуваат офанзива врз милицијата на шиитското племе Хути кои ја имаат поддршка од Иран, а Обединетите нации повикуваат на враќање на преговорите под покровителство на светската организација.

Kоалицијата којашто на води Ријад интервенира во јеменскиот конфликт од март 2015 година, за да го сопре напредувањето на бунтовниците во конфликтот Јемен од 2014 година на племенската заедници Хути (Хусити) и нивното шиитско движење „Ансар Алаа“, поддржани од Иран, и нивните сојузници војската лојална на поранешниот претседател Али Абдал Салех, од едната страна, и владините сили и милициите лојални на сегашниот претседател Абд Раба Мансур Хади. Владините сили ја имаат копнената и воздушната поддршка на арапската сунитска коалиција предводена од Саудиска Арабија.

Саудиските сојузници САД и Велика Британија повикаа на завршување на три и пол години долга војна, којашто покрај над десетте илјади земји оваа сиромашна земја ја доведе до работ на масовна глад, а со тоа расте и притисокот врз Саудиска Арабија, којашто се соочува со глобално негодување поради убиството на дисиденскиот новинар Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул на 2-ри октомври.

Воениот сојуз на сунитските муслимани, којшто го предводат Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, распоредиле околу 30.000 војници јужно и источно од Худејдах, кој е под контрола на Хутите, изјавил за Reuters неименуван воен извор близок на арапската коалиција.

„Илјадници јеменски војници кои ги обучувала коалицијата се испратени во приградските населби на Худејдах, со современо вооружување кое вклучува и оклопни возила и тенкови, во подготовка за голема операција којашто ќе следи за неколку дена“, рекол еден од изворите на Reuters.

Жители на градот за агенцијата изјавиле дека Хутите очекуваат офанзива и, исто така, ги групираат своите сили околу центрот на Худејдах, во близина на пристинаштитето во јужните квартови. Од Арапската коалиција, како и од редовите на Хутите, не зборувале за Reuters за натамошните воени потези.

Специјалниот претставник на ОН во Јемен, се обидува да ги спаси мировните преговори, кои беа прекинати во септември по масакрот во кој саудиската коалиција погоди автобус со деца кога имаше над четириесет жртви. Покрај тоа, преговорите беа прекинати откако Хутите не се појавија, обвинувајќи дека коалицијата предводена од Ријад го спречила патувањето на нивната делегација. Со ова се зголеми опасноста од повторен напад врз градот на брегот на Црвеното Море. Худејдах е главното јеменско пристаниште, како и извор на хуманитарна помош за многу Јеменци на кои им е неопходна.

Претставникот на ОН, Мартин Грифитс, ги поздрави апелот на американскиот државен секретар Мајк Помпео кој во вторникот повика на смирување на судирот во пресрет на преговорите под покровителството на ОН кои би требало да зепочнат во номеври. Лондон, исто така, го поддржа ставањето крај на судирите, кои резултираше со околу петнаесет илјади мртви.

Половината на популацијата на Јемен, околу 14 милиони луѓе, би можело повторно да се најдат на работ на глад, предупредуваат ОН. Грифит изјави во средата дека светската организација „останува приврзана на собирањето на страните во јеменскиот судир на преговарачката маса во рок од еден месец“. Ги повика завојуваните страни да ги продолжат консултациите околу рамката за политичките преговори и мерките како што се поддржување на централната банка и размена на затворениците. Грифитс се надева дека што поскоро ќе биде најавена нова рунда преговори, иако истакна дека „уште не сме во таа фаза“, изјави во средата во Њујорк за новинарите портпаролот на ОН, Фархан Хаќ.