Арапските партии во Израл првпат по четврт век дадоа поддршка на некој кандидат за израелски премиер, во овој случај на центристот Бенјамин Бени Ганц, во надеж дека ќе го прекине долгото владеење на десно ориентираниот Бенјамин Нетанјаху, но ниту еден од нив сѐ уште нема мнозинство потребно за формирање влада.
Апрапските партии ја дадода својата поддршка на самиот почетокот од консултациите на израелскиот претседател Реувен Ривлин со политичките партии на кои треба да се именува мандаторот за составување коалициска влада по парламентарните избори на 17-ти септември.
По изборите партијата на Ганц од центарот Кахол-Лаван (Сино-бело) доби 33 од 120-те места во Кнесетот (парламентот), а десничарскиот Ликуд на Нетанјаху – 31. Вториот е најдолготрајниот израелски премиер кој на власт досега мина вкупно 13 години. Но овие две партии ниту со сојузниците не можеа да добијат 61 пратеник, што е прагот за добивање мнозинство за формирање влада.
Претседателот Ривлин, чијашто должност е речиси симболична, ги започна во неделата вечерта консултациите за да го разреши спорот. Иако не откри поединости, навести што има намера да стори.
„Сигурен сум дека треба да се формира стабилна влада со две големи партии (Ликуд и Кахол-Лаван). Таква е народната волја“, истакна Ривлин. Меѓутоа, постанува големо прашање кој би можел да ја води коалициската влада.
Коалицијата Заедничка листа на изралеските арапски партии на Ајман Одех, од партијата Хадаш, којашто стана третата политичка сила во Кнесетот, направи изненадување поддржувајќи го Бени Ганц, кој беше началник на Генералштабот на Армијата за одбрана на Државата Израел.
„Во времето на Нетанјаху бевме нелегитимни во израелската политика (…) Затоа сакаме да го спрчиме Нетанјаху да биде премиер. Затоа овојпат му даваме поддршка на Бени Ганц за составување на новата влада“, му соопштил Одех на претседателот Ривлин.
„Денеска ја испишуваме историјата, ќе сториме сѐ за да го урнеме Нетанјаху“, изјавил, пак, Ахмад Тиби, челник на арапската Заедничка листа.
Ова е првпат од 1992 година мнозинските арапски партии да поддржуваат кандидат за премиерската должност во Израел. Но поддршката од арапските партии засега не му овоможува на Ганц да го мине прагот од 61 пратеник, но му испраќа јасна порака на шефот на државата дека третата политичка сила во земјата не сака да го види Нетанјаху на челното место на евентуалната коалиција во којашто, меѓу другите, би влегле партиите Ликуд и Кахол-Лаван.
Ликуд веднаш реагираше критикувајќи ја поддршката за Ганц од арапските партии порачувајќи дека „не е дозволено да се формира влада потпирајќи се на арапските партии кои се противат на израелската држава“.
Друг важен соговорник на консултациите кај Ривлин беше русофонот Авигдор Либерман. Лидерот на партијата Јизраел Бејтену (Израел нашиот дом) поранешен министер за одбрана и за надворешни работи и поранешне сојузник на Нетанјаху одлучи дека нема да одлучува за тоа кој ќе го добие мандатот.
„Нема да бидеме дел од блокот со харедите (ултраортодоксните – з.р.) Евреи и месијанистите. Затоа нема да го поддржиме Нетанјаху на консултациите со претседателот. Не можеме да го поддржиме ниту Бени Ганц кој размислува за влада со поддршка на арапската листа. Хареди Евреите се наши политички противници, а Арапите ни се непријатели“, рече Либерман на прес-конференцијата пред состанокот со претседателот Ривлин.
Либерман сака да формира влада на на националното единство со партиите на Ганц и на Нетанјаху, но барем засега не сака да поддржи ниеден од двајцата за премиерската должност.