Аргентина на глобално ниво со највисока стапка позитивни тестови на Covid-19

Аргентина во светот има највисока стапка на позитивни тестови на Covid-19, според пребарувачот на Оксфорд „Нашиот свет во податоци“, при што речиси шест од десет тестирани имаат зараза, што е одраз на ниското ниво на тестирања и слабото спроведување на рестриктивните мерки.

Аргентина во понеделникот достигна 809.728 потврдени случаи на заразата, со седумдневен просек од околу 12.500 нови дневни коронаинфекции. Земјата, која во почетокот се спротиставуваше на пандемијата со силни рестриктивни мерки, минатата седмица надмина 20.000 смртни исходи.

Здравствените стручњаци тврдат дека ниските нивоа на тестирање и лабавите ограничувања ја поттикнале високата стапка на позититивни тестови на коронавирусот, а според пресметката на агенцијата Reuters врз основа на податоците од аргентинското министерство за здрвство, стапка се зголеми од околу 40 во август на речиси 60 отсто во минатата седмица.

За споредба, американската сојузна држава Њујорк има 20 милиони жители, што е помалку од половината од 45 милиони Аргентинци, а дневно спроведува 100.000 тестови или четири пати повеќе отколку во Аргентина, што што стапката на позитивни благо минува еден отсто.

Аргентинската влада беше земана како пример бидејќи уште на 20-ти март воведе строг карантин, но од тогаш беше принудена да ги попушти ограничувањата со цел да ја заживее економијата, која веќе две години е во рецесија, и ја одбележува растот на невработенсота и нивото на сиромаштијата.

Извори од аргентинското министерство за здравство изјавиле за Reuters дека големиот број позитивни тестови се резултат на програмата „DetectAr“, каде тестирањето се насочува на конткати на претходно заразените.

Аргентинската влада се оврзала да го зголеми нивото на тестирање, при што оваа земја е осма во свето според бројот на сличаите на зараза со коронавирусот.