Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез во четвртокот ја прими руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“.
Шеесет иедногодишниот Фернандез беше вакциниран еден ден откако аргентинската агенција за лекови ја одобри руската вакцина за употреба.
Тој на Twitter му се заблагодари на рускиот институт „Гамалеја“ кој ја разви вакцината, како и на здравствените работници во земјата за нивната посветеност.
Аргентина доби 600.000 дози руска вакцина, а нова испорака се очекува на крајот на јануари и во февруари. Исто така, ја одобри употребата на вакцината на АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд и договори купување на 22 милиони дози.
Досега во Аргентина од Covid-19 досега починале 45.000 луѓе, а повеќе од 1,8 милиони луѓе биле заразени.