Армијата на Хафтар ја презема контрола над либискиот град ал-Асабија

Либиската национална армија (LNA) предводена од маршалот Халифа Хатар ја преземала контролата над градот ал-Асабија, стотина километри југозападно од либиската престолнија Триполи, изјави портпаролот на армијата која се противи на меѓународно призната влада, Ахмед ал-Мисмари.

Претходно на 21-ви мај, градот ал-Асабија мина под контрола на силита на Владата на националното единство (GNA).

„Вооружените единици ја преземаа денеска утрото (понеделник) контролата над регионот на ал-Асабија по серија воздушни удари врз такфирските (арапски израз за реадикални исламистички групи кои ги сметаат за застранување во верата – з.р.) во ал-Џебел ал-Гарби“, напиша Мисмари на Facebook.

Либија по соборувањето на Моамер ел Гадафи во 2011 година е поделена помеѓу ривалските страни кои се борат за превласт. Но, нивните судири се интензивираа во април 2019 година кога Хафтар презеде голема офанзива врз Триполи, но меѓународно признаената влада возврати и настана пат позиција.

Меѓународно признаената Влада на Фајез ал Сараџ, со седиште во Триполи контролира помал дел од државата. Додека маршалот Хафтар, чие седиште е во Тобрук, контролира поголем дел од земјата и поголем број нафтени полиња.

Ситуацијата во земјата дополнително се комплицира со финансиска, дипломатска и воена помош од странски сили за спротивставените страни. Турција, која ја поддржува Владата во Триполи веќе испрати војници во Либија. Владата во Триполи ја поддржуваат и Катар, САД и Италија. Хафтар има помош од Русија, Египет, Обединети Арапски Емирати, Јордан, Саудиска Арабија и Франција.