Вчера сите се згрозивме од скандалозната изјава на министерката за култура, Бисера Стојчевска. Министерка која што доаѓа директно од редовите на СДСМ. Стојчевска ни кажа всушност дека треба да живееме како Орвеловата 1984, цензурирано.
Министерката јасно и гласно ги потврди стравувањата на македонското општество, на македонските граѓани, на народот дека договорите на оваа влада која што ги прави со Бугарија водат кон асимилација и тивка цензура на македонското творештво, нашето најголемо богатство
Министерката за култура меѓу редови кажа што содржи и што предвидува Протоколот кој што го усогласија владата на СДСМ и Бугарија. Секое она дело кое што ќе обработува содржина која според бугарската страна е оценето како говор на омраза нема да биде поддржано со државни средства.
Имено таа вели: мораме да бидеме свесни дека мора да одиме напред. Мора да се ослободиме. Историјата нам повеќе не смее да ни биде затвор. Ова го вели министерката за култура од СДСМ.
Г-ѓо министерке, дали вие воопшто знаете колку творечки дела, филмови, песни, романи се создадени и се поврзани со тематиката од втората светска војна или историјата на македонскиот народ, која што сега е оспорувана од страна на Бугарија? Дали знаете или не знаете? Очигледно не знаете и тоа е уште поголем срам за вас како министерка. Знаете ли министерке дека ова кое сега власта и вие го прави е класичен тоталитаризам кој цензурира говор, кој ограничува творечка мисла на уметниците?!
Замислете никој во светот не ограничува творечка мисла на уметниците. И сега повторно најверојатно ќе почнете како и во претходното време во комунизмот да создавате подобни и неподобни уметници. Најверојатно тоа е вашата цел.
Дали сте свесни и вие како Стојчевска и целото СДСМ, дека вчера се откажаа од сите историски филмови кои ги снимиле доајените на македонското платно, се откажаа од сите сценарија напишани за македонскиот непокор и мака, се откажаа од буквално се, но и онака како и што се очекуваше дека ќе се откажете буквално од се што е македонско. Да биде срамот поголем министерката освен што сугерира забрана на творби со историска содржина, таа дава една бедна квалификација за досегашното творештво на автори како Петре М Андреевски кои имаат историски наратив, нарекувајќи ги мрачни времиња.
Цитирам: да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња каде што навистина не видовме ништо добро.
Да го квалифицирате творештвото на Петре М Андреевски како мрачно, мора да не сте прочитале ниту една книга од него, да не се чувствувате како Македонец и да се срамите од вашата култура. Тие мрачни времиња кои што сега ги споменувате ги живееле нашите предци, за ние денеска да живееме во независна Република Македонија, која што вие како СДСМ и влада се обидувате да ја распродадете.
Очигледно министерката за култура нема никаква врска ниту со творештво, ниту со дела, ниту пак со култура. Залудно е на тоа место каде што седи. Ако евентуално прочитала некоја си лектира е врвот на нејзиниот контакт со културата, па сега дојде време на уметниците да им ава насоки какви дела да пишувале и како да расположувале публика, вели да се пишувале само комедии. Најголема комедија во оваа држава е СДСМ. А таа комедија СДСМ најголемата трагедија и ја нанесува на Република Македонија.
Срамно и бедно! После ваков скандал Стојчевска треба да си поднесе оставка, бидејќи министерка што се срами и ја цензурира сопствената култура, не може да биде министерка на Република Македонија. Срамно и бедно, може да биде само министерка која што одработува за туѓи интереси.