Џастин Бибер и Хејли Болдвин конечно се венчаа и пред Господ

По трите неуспешни обида, во понеделник во црква во Јужна Каролина својот цивилен брак и пред Господ го потврдиле еден од најславните пејачи на денешницата, 25-годишниот Џастин Бибер и 22-годишната манекенка Хејли Болдвин Бибер.

Иако во септември минатата година ги венчаше матичар, двојката се реши повторно да ги размени брачните завети во понеделникот вечерта во кругот на семејствата и пријателите на црковен обред кој не беше отворен за јавноста.

И минатогодшната септемвриска венчавка беше тајна, а церемонијата беше изведена во Њујорк.

На вчерашната венчавка имало 154 гости, меѓу кои и американскиот супермодел Кендал Џенер и фотомоделот Камила Мороне, таткото на Хејли, Стивен Болдвин и неговиот брат Алек Болдвин.

На фотографите не им бил дозволен пристапот на местото на кое се одвивала венчавката, а ниту младенците не споделија фотографии на социјалните мрежи. Сепак, на Instagram се појави една форографија.

Меѓутоа, Бибер на Instagram пред венчавката се пофали со со скапоцениот рачен часовник од марката „Audemars Piguet“, кој чини околу 50.000 американски долари.

Младенците брачните завети ги размениле во мала дрвена капела сместена во приватно село опкружено со зелени полиња, големо езеро и голф терени, а отседнале во „Montage Palmetto Bluff“ ресорт со пет ѕведички кој на гостите им ја гарантирал приватноста.