Автомобилот „Aston Martin DB5“ со кој се снимаше последниот филм од серијалот за Џемс Бонд „Нема време за умирање“ е продаден на хуманитарна аукција за 2.922.000 фунти (3,2 милиони евра).
Астон Мартин ја продаде споменатата копија на DB5 на аукцијата на куќата „Кристи“ во Лондон „60 години Џемс Бонд“, каде беа собрани пари за помош на ветераните на британските специјални сили и разузнавачките агенции, пренесува Танјуг.
Автомобилот има реквизити како што се LED регистарски таблички и митралези во фаровите и е еден од 25-те продадени предмети на аукцијата на Кристи, кои собраа вкупно 6.103.500 фунти за 45 различни потреби во средата.
Часовникот „Omega Seamaster“ што го носеше Даниел Крег, кој го игра Бонд во „No Time To Die“, продаден е за 226.800 фунти, меѓу другото, фустанот што го носеше Ана де Армас за 37.800 фунти, а кинеската маска и зимската јакна на Реми Малек за 107.100 фунти.