Атланта втор пат ја совлада Индијана, Антиќ постигна само еден поен

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ со својата Атланта стигна и до втората победа во третиот натпревар против Индијана, поведувајќи со 2:1 во победа во НБА плеј-оф серијата.

Искористувајќи го домашниот терен Атланта стигна до триумф од 98:85 по што дополнително посилно од психолошки аспект продолжува во битката за полуфинале на Истокот против фаворитот.

Антиќ за нешто помалку од 23 минути игра постигна само еден поен, дополнет со три скока, но како и обично имаше извонредна улога во одбраната на тимот. Џеф Тиг со 22 поени и Кајл Корвер со 21 поен беа предводници во триумфот на Атланта.

Со 2:1 во серијата поведе и Мемфис откако во продолжение славеше против Оклахома со 98:95, а предност има и ЛА Клиперс откако славеше против Голден Стејт со 98:96.