
Фудбалерите на мадридски Атлетико одиграа само 0:0 кај новиот прволигаш Леганес во 7-то коло од Примера
За Атлетико ова е веќе трето реми во првите седум кола од новиот шампионат и сѐ повеќе заостанува зад водечката Барселона. „Јорганџиите“ сега се трети со три бода помалку од Каталонците кои имаат и меч помалку. Леганес, пак, собра 11 бодови и е на високото 7-мо место.
Во саботата играше и Севиља којашто со 2:0 на домашен терен ја совлада Малага. Стрелци беа Евер Банега во 68 минута од пенал а две минути подоцна стрелец беше Лиус Муриел. Севиља дојде сега со 16 бодови на два бода заостанување зад Барса, додека Малага е последна со само 1 бод.
Алавес беше подобар, исто така, со 2:0 на гостувањето кај Леванте. Головите ги постигнаа Мунир ел Хадади во 33 и Алваро Медран во 81 минута. Алавес е на претпоследното 19-то место, и ова беа првите бодови што ги освои по седум одиграни кола. Леванте е 9-ти со 9 бодови.
Депортиво Ла Коруња пред своите навивачи со пресврт во второто полувреме дојде до победат од 2:1 над Хетафе. Гостите поведоа во 54 минута преку Амат Н’диаје Дидиу, а потоа за домашните стрелци беа Лукас Перез во 66 и Флорун Андоне во 87 минута. Депортиво е 15-ти со 7 бодови, додела Хетафе има бод повеќе и е на 11-то место.