Граѓанското движење „Аваја“ обезбедува поддршка – донација за гинеколошката амбуланта во Шуто Оризари за ангажирање на медицинска сестра за пружање на медицински услуги на населението во Шуто Оризари.
„Аваја“ се грижи за здравјето на жените и девојките Ромки од општината и верува дека преку оваа поддршка – донација ќе се реши долгогодишниот проблем со пристапот до гинеколошки услуги во општината Шуто Оризари.
Гинеколошката амбуланта со Шуто Оризари ја чека дозволата за работа од Министерството за здравство за да започне со работа и да пружа здравствени гинеколошки услуги. Населението на Шуто Оризари очекува оваа гинеколошка амбуланта да започне со работа што поскоро.
Оваа донација е дел од целокупната поддршка која „Аваја“ ја дава на ромската заедница од Шуто Оризари. Целокупната поддршка се состои од обезбедување на амбулантно возило, поддршка на гинеколошката амбуланта со ангажирање на медицинска сестра и ангажирање на дополнителни две медицински сестри за потребите на поликлиниката Шуто Оризари.
„Аваја“ ќе продолжи да обезбедува поддршка за ромската заедница и да се грижи за потребите на заедницата.