Aвион од типот „Bombardier Dash 8 Q400“ на воздухопловната компанија „Biman Bangladesh Airlines“ претрпел несреќа при слетувањето на меѓународниот аеродром Јангон во Мјанмар, пренесува во средата весникот The Myanmar Times, а агенцијата AFP наведува дека во несреќата биле повредени најмалку 11 лица.
Според првичните сознанија, авионот се излизгал од пистата, при што единаесет патници и членови на екипажот се здобиле со повреди.
„Пилотот, стјуардесата и девет патници се здобиле со полесни повреди“, изјавил за AFP неименуван полициски службеник. Тој истакнал дека авионот излетал од пистата при операцијата за слетување во 18,50 часот по локално време. „Тоа се случи во близина на третиот терминал“, додал предцизирајќи дека авионот претрпел оштетувања на предниот дел и крилата.
Како што се прецизира во извештајот на AFP, во авионот имало 31 патник, државјани на Бангладеш, Мјанмар, Канада, Кина, Индија, Франција и Швајцарија.
Управата на аеродромот сѐ уште не ги потврдила информациите за инцидентот. Но истовремено биле известено дека поради лошите временски услови, сите писти на аеродромот биле привремено затворени, и оти поради тоа сите пристигнувања биле пренасочени кон аеродромот во главниот град Најпидо.
Here’s the photo of the injured pilot from the airplane BG-060 @BimanAirlines circulating on social media. #Myanmarpic.twitter.com/TpsvCnOFVr
— Cape Diamond (@cape_diamond) May 8, 2019
A Biman plane crashed on the runway in
Yangon International Airport.@BimanAirlines pic.twitter.com/F81jx3BZRg— Aung Bo Bo (@HaB138) May 8, 2019